Картички за Трудници – Забележи ги најубавите моменти од твоето патување!

Твојата бременост е исполнета со волшебни мигови – првата вест, првиот трепет во стомакот, првата ехо-фотографија, првата купена бебешка облека… Секој од овие моменти заслужува да биде зачуван, споделен и запаметен.

Картичките за Трудници се создадени за да го направат твоето патување уште поволшебно! Со нив можеш да ги означиш сите важни етапи од бременоста и да ги претвориш во драгоцени спомени што ќе ти останат засекогаш.

Што можеш да најдеш во сетот?

27 картички со кои можеш да направиш уникатни спомени од бременоста

Картички за секој месец – следи го растот на твоето бебе и твоето стомаче.

Специјални моменти – „Денес го почувствував првото клоцање“, „Стасав до средината на авантурата наречена бременост“, „Првиот Шопинг”

Забавни картички – „Спијам за двајца!“, „На патување со големо меше!“, „Не јадам за двајца, но може ли уште едно парче торта!“

Картички за откривање на полот – направи го моментот на откривање уште повозбудлив!

И уште многу други… – кои ќе ја направат твојата бременост незаборавна, полна со радост и насмевки.

Сликај се со картичките и направи уникатен фото-албум што ќе те враќа назад во овие неверојатни девет месеци. Ова не е само сет од картички – ова е најубавото мало богатство на спомени од периодот кога твоето срце чукаше за двајца.

Забавувај се, уживај во секоја промена, и не заборавај – ова е твоето време да блескаш!